Тренерот на Интер, Симоне Инзаги пред реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Ливерпул истакна дека неговите играчи се многу мотивирани.
– Ќе биде тежок натпревар, но ние сме многу мотивирани. Важно и неопходно е да се постигне гол во првото полувреме. Знаеме дека ќе биде многу тежок натпревар. Интер немаше играно во оваа фаза од турнирот долги години и знаевме дека ќе играме со врвен тим откако ќе завршиме на второто место во групата. Дадовме сЕ од себе на првиот натпревар, а истото ќе го направиме и утре, изјави Инзаги.
Реваншот помеѓу Ливерпул и Интер ќе се вечер на „Енфилд“. Средбата започнува во 21 часот.
На првиот натпревар, одигран во Милано, Ливерпул победи со 2:0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.