Голманот на германската репрезентација и на Барселона, Марк-Андре тер Штеген денеска ќе го оперира коленото, откако се повреди на вчерашниот натпревар против Виљареал (5-1) и поради тоа би можел да го пропушти остатокот од сезоната.
Тер Штеген тешко го повреди коленото на натпреварот од шпанското првенство против

Виљареал, а по денешните тестови беше утврдено дека има „целосно кинење на пателарната тетива“ на десното колено, се вели во соопштението на Барселона.
Шпанските медиуми пренесуваат дека закрепнувањето би требало да трае до осум месеци, што значи дека германскиот голман би можел да го пропушти остатокот од сезоната



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.