Белгискиот фудбалер и член на Рома, Ромелу Лукаку очекува саудиската лига да биде една од најдобрите во светот.

– Лично, мислам дека ова ќе биде една од најдобрите лиги во светот во следните две години. Затоа што сега прават многу, внесуваат големи играчи во лигата. Екипите се подобри и играат многу квалитетен фудбал, изјави Лукаку по пријателскиот натпревар вчеравечер во Ријад со саудиски Ал Шабаб (2:1).

Изминатото лето тимовите од Саудиската професионална лига потрошија 875,4 милиони долари на трансфери.

Во првенството на Саудиска Арабија играат големи фудбалски имиња, најпозната ѕвезда е Кристијано Роналдо. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.