Македонскиот фудбалски првак Шкупи загуби со 3-1 (2-0) на гостувањето вечерва во Даблин од Шамрок Роверс во рамки на 3. квалификациско коло во Лига Европа.

Домаќините под силна поддршка од навивачите на целосно исполнетиот стадион „Тала“ во јужен Даблин поведоа преку Барк од пенал во 13 минута, а Вотс ја удвои предноста на ирскиот тим во 29 минута.

Македонскиот состав заигра многу подобро во вториот дел и преку бразилскиот интернационалец Куевен ја преполови негативата во 77 минута, а домашниот тим до крајот на натпреварот ја искористи предноста од играч повеќе по исклучувањето на Хамиди во 84 минута и со гол во седмата минута од судиското продолжение преку О‘ Нил обезбеди предност од два гола за реваншот во Скопје идниот четврток.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.