Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта уште еднаш истакнал дека случајот „Негреира“ е создаден за дискредитација на шпанскиот клуб.
Тој зборуваше пред „социосите“ на клубот и испрати јасна порака до најголемиот ривал, Реал Мадрид.
„Историјата на Барса не смее да биде извалкана, не смееме и нема да дозволиме такво нешто. Алудирам на најжестокиот напад во историјата на клубот, се работи за досега невидена кампања за дискредитација, тоа е нешто што не смееме да го дозволиме“, изјави Лапорта.
„Имам лоши вести за оние од Мадрид. Ќе го повториме успехот на најдобрата Барса досега. Реал Мадрид не се забавуваше добро за време на мојот прв мандат и замислете како се чувствуваат кога ќе видат нова Барса за неколку години – тим кој ќе биде сè подобар и подобар и истиот претседател поради кој лошо си поминуваше ривалот“, додаде Лапорта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.