Френк Лампард ќе се повлече од функцијата менаџер на Евертон. Четириесет и четиригодишниот англиски тренер блиску до отказ, откако неговиот тим вчеравечер загуби со 4:1 од Брајтон на домашен терен во Премиер лигата, информира „talkSPORT“.
Евертон нема победа во последните седум натпревари во сите натпреварувања, Загуби пет пати, а два пати одигра нерешно. Последен пат „карамелите“ победија на 22 октомври против „Кристал Палас“ (3:0).
Тимот моментално е на 16. место во табелата во Премиер лигата со 15 бодови од 18 натпревари.
Лампард го презеде Евертон во јануари 2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.