Официјална Москва изрази денеска жалење поради одлуката на УЕФА да и ја одземе на Русија организацијата на финалето во Лигата на шампиони поради инвазијата во Украина.

Штета што е донесена една таква одлука, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

УЕФА претходно денеска одлучи да го премести одигрувањето на финалниот натпревар во Лигата на шампиони на 28 мај од Санкт Петерсбург во Париз.

Портпаролот Песков додаде дека вториот по големина руски град можел да обезбеди „идеални услови“ за таков празник на фудбалот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.