Возбудлив натпревар со пресврти одиграа европските гиганти Баерн Минхен и Реал Мадрид во првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите.

Натпреварот одигран во Германија, изобилуваше со возбудување, а беше обележан со неколкуте промени на резултатот.

„Кралскиот клуб“ подобро го почна дуелот, па на полувреме замина со предност од 1:0, со голот на Бразилецот Винисиус жуниор. Сепак, баварците во период од четири минути, од 53 до 57 минута, направија целосен пресврт со головите на Лирој Сане и Хери Кејн од белата точка.

Сепак, до крајот на средбата пенал имаше и за Шпанците, а успешен реализатор беше Винисиус, кој со својот втор гол на средбата во 83 минута го постави конечниот резултат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.