Португалија со Кристијано Роналдо е последната пречка на Македонија за пласман на Светското првенство. Македонските репрезентативци го елиминираа актуелниот, а денеска патуваат за Порто каде во вторник ќе имаат пресметка со поранешниот европски првак.
Тихомир Костадинов и Елиф Елмас ја „одлежаа“ суспензијата и сега се во строј за дуелот против Португалците. Играчот за врска откри и што им порачал селекторот Милевски на фудбалерите пред дуелот со Италија во Палермо.
„Многу добро паметам што кажа селекторот пред мечот со Италија. Да уживаме во големата претстава, но и да не се откажуваме и да веруваме до крај, без разлика на резултатот. Говор имаше и капитенот Стефан Ристовски, како и другите поискусни репрезентативци. Сега не очекува Португалија и ќе ни биде потребен истиот пристап, желбата, енергијата. Знаеме дека нема да биде лесно, Португалија е силна репрезентација. Но, и ние веруваме во нашите сили“, изјави Тихомир Костадинов.
Фудбалската репрезентација на Македонија попладнево со чартер лет патува за Порто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.