Голманот на Португалија, Диого Кошта синоќа одбрани три удари во пенал рулетот (3:0) против Словенија во осминафиналето на Евро 2024 против.
УЕФА го прогласи португалскиот голман за играч на натпреварот.
Кошта стана првиот голман во историјата кој сопрел три шута во пенал-серија. Воедно, тој стана и првиот голман во историјата на европските првенства кој не примил пенал во „престрелката“ по натпреварот.
Во четвртфиналето на Евро 2024, репрезентацијата на Португалија ќе се сретне со селекцијата на Франција. Натпреварот ќе се одигра на 5 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.