Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте проговори за напаѓачот Хари Кејн. Вчера, на натпреварот од 21. коло на Премиер лигата против Фулам (1:0), англискиот напаѓач беше стрелец на победничкиот гол и го повтори рекордот на Џими Гривс, кој играше за клубот од 1961 до 1970 година. . Кејн го постигна својот 266 гол за Тотенхем.
– Зборуваме за играч со фантастични способности, неверојатни вештини. Се разбира, би сакал да помогнам да се направи нешто важно, да освои нешто со Тотенхем. Тој го сака Тотенхем, клубот во неговото срце. Мислам дека треба да бидеме сонувачи. Разговарав со играчите и реков дека овој ден треба да ни биде почетна точка. Ако сакаме да бидеме сонувачи, мора да знаеме дека ФА Купот е тежок турнир. Ако го видам ова единство, ќе имаме резултати, изјави Конте.
Дваесет и деветгодишниот Кејн игра за Тотенхем од 2011 година. Неговиот актуелен договор со Спарс е до 2024 година.
Тотенхем се наоѓа на 5. место во поредокот на шампионатот на Англија, со 36 бодови од 21 натпревар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.