Британските медиуми објавија имиња на кандидати кои би можеле да го наследат Томас Тухел на тренерското место во Челзи.

Греам Потер, кој моментално работи со Брајтон, би можел да биде нов менаџер на Челзи. Клубот ќе разговара и со поранешниот тренер на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино, како и поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, кои сега се без работа.

Според „Скај спорт“ Челзи денеска ќе стапи во контакт со Брајтон за да добие дозвола да преговара со Потер. Покрај тоа, лондонскиот клуб планира да комуницира со Покетино и Зидан.

Челзи денеска објави крај на соработката со Томас Тухел. Тој е во клубот од јануари 2021 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.