Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е разочаран по денешниот пораз од Вулверхемптон со 3:0 во натпревар од 22. коло во Премиер лигата.
– Очигледно, почетокот беше ужасен. Примивме два гола, кои не требаше да ги дозволиме. Но, тоа се случи. Требаше подобро да се браниме. Нашиот тим беше пасивен во овој сегмент. Не можам да објаснам. Нема оправдување за ова. По 0:2 успеавме малку да ја контролираме ситуацијата. Потоа околу 45 минути игравме добро, но не постигнавме гол. Тука сè заврши. Се работи за концентрација во првите 15 минути. Повторно, не можам да објаснам. Но, такви 15 минути не треба да се дозволат. Треба да го промениме ова. Првите 15 минути не можам да ги објаснам, извинете. Кога ќе почнеш така, не заслужуваш ништо во натпревар во Премиер лигата. Во моментов сум толку разочаран и лут поради првите 15 минути што не можам да најдам зборови. Волците заслужија три бода, изјави Клоп.
По 20 кола Ливерпул има 29 бода и во моментов е на 10. место во премиерлигашкиот поредок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.