Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, рече дека никогаш во животот не гледал подобар фудбалер од Лионел Меси и оти аргентинската репрезентација сосема заслужено ја освоила титулата на Светското првенство во Катар.

„Од срце ѝ честитам на Аргентина на сосема заслужената титула светски првак. Финалето во секој аспект беше уникатно. Кога после сè видовме како тој трофеј го слават играчите, а особено нивните навивачи во татковината, тогаш е јасно дека вистинската екипа го освоила златото. Чекаа долго на светската титула и навистина сум среќен поради нив. Воедно го имаат и најдобриот меѓу најдобрите во своите редови“, изјави Клоп.

Пред неколку денови и големиот ривал на Клоп во Премиер лигата, тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, изјави дека за него Лионел Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња.

„Од сите фудбалери кои сум ги гледал во животот Меси дефинитивно е најголемиот. Тој и денес, на 35 години, игра фудбал на највисоко можно ниво. Таков генијалец сè уште не можеме да отпишеме“, ја пренесуваат британските медиуми изјавата на Клоп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.