Откако минатиот месец го одигра последниот натпревар во дресот на Јувентус и објави дека по 18 години ја напушта Старата дама, 37-годишниот Џорџо Кјелини одлучи кариерата да ја продолжи во американската МЛС лига и да потпише договор со Лос Анџелес, јави телевизијата ЕСПН.
Според истиот извор, се очекува во следните неколку денови Кјелини официјално да стави потпис на соработката со американскиот прволигаш, а подоцна во текот на јуни да ѝ се приклучи на екипата, која во моментов е водечка во Западната конференција во МЛС лигата со пет бодови предност пред второпласираниот Далас.
Кјелини го носеше дресот на Јувентус од 2004 година и со торинскиот клуб освои девет италијански титули и пет трофеи во националниот куп.
Според бројот на настапи за Јувентус е трет на вечната листа зад Алесандро Дел Пјеро и Џанлуиџи Буфон
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.