Напаѓачот на Баерн, Хари Кејн постигна три гола во победата на Баерн Минхен против Бохум со 7:0, во 5. коло од германскиот шампионат.
Со тајвиот ефект, Кејн стана само четвртиот Англичанец кој постигнал хет-трик на натпревар од Бундеслигата. Претходно, такво нешто им успеа на Кевин Киган (декември 1978 година), двапати Тони Вудкок (мај 1980 година и април 1982 година) и Џејдон Санчо (мај 2020 година).
На седум натпревари за баварскиот клуб оваа сезона, Кејн досега постигна осум гола и има четири асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.