Баерн Минхен победи убедливо со 5:2 на гостувањето кај Дармштад во натпревар од 26. коло на Бундеслигата.

Два гола за гостите постигна Мусиала, додека по еден Старке, Тел и Кејн.

Со својот гол денеска Англичанецот стана првиот играч во историјата на Бундеслигата кој постигнал 31 гол во својата дебитантска сезона, што е и негов личен рекорд по голови во лигата.

Така, Баварците остварија втора последователна убедлива победа откако во претходното коло го совладаа Мајнц 05 со 8:1 и ја скратија разликата од лидерот Баер (Леверкузен) на седум бода, но „аспирините“ имаат натпревар помалку



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.