Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер, изјави дека е горд што е клупски колега со англискиот репрезентативец Хари Кејн.

Англискиот напаѓач ова лето дојде во Баерн од Тотенхем и досега на десет прволигашки натпревари постигна 15 голови, со што го израмни рекордот на клупската легенда Герд Милер од сезоната 1968/69.

„Тој е феномен и горди сме што игра во нашиот клуб“, рече Ноер.

Кејн сезонава два пати во серија постигнуваше хет-трик, против Дармштад и Борусија Дортмунд,  а во средата  беше двоен стрелец во триумфот на Баерн над Галатасарај од 2-1 во Лигата на шампиони со што германскиот првак ја мина групната фаза.

„Уште на почетокот реков дека личноста и карактерот на Хари ќе им помогне на играчите околу него да бидат подобри“, оцени во иста насока и тренерот на Баерн, Томас Тухел



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.