Францускиот фудбалски репрезентативец Оливие Жиру најави дека претстојното Светско првенство (СП) во Катар ќе му биде последно во кариерата.

-На СП доаѓам како играч, кој сосема сигурно последен пат ќе настапи на еден Мундијал. Многу сум мотивиран, како да ми е прв пат. Сакам да уживам во секој момент. И, секако, сакаме да ја одбраниме титулата“, изјави Журу.

-Ќе дадам 200 отсто за тимот. За мене е еден вид благослов што ќе имам шанса да играм за својата земја на трето СП. И натаму сум гладен за трофеи, додаде 36-годишниот Жиру.

Франција во Катар ја почнува одбраната на светската титула во група со Австралија, Данска и Тунис



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.