Познатиот бразилски фудбалер Хулк постигна прекрасен гол во победата на неговиот Атлетико Минеиро.
Атлетико Минеиро се пласираше во Копа Либертадорес откако во последниот квалификациски натпревар за елитното натпреварување го совлада Милионариос од Колумбија со резултат 3:1.
Натпреварот го одбележа фантастичен гол на 36-годишниот Бразилец Хулк, кој игра фантастично во дресот на Атлетико Минеиро.
Incredible overhead kick from Hulk to score for Atletico Mineiro against Millonarios.
The former Brazil striker has still got it at 36.pic.twitter.com/ER6e0rVPt2
— Sam Street (@samstreetwrites) March 16, 2023
Уште една одлична партија искусниот фудбалер круниса со мајсторски гол, еден од најубавите што ги постигна во својата богата кариера.
Паулињо во 88. минута од натпреварот брилијантно ја нафрли топката во противничкиот шеснаесетник, а Хулк од околу 13 метри со „ножички“ ја зграпчи топката и ја заби во мрежата.
Уживајте во мајсторијата на неуништливиот Бразилец:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.