Фудбалерот на Наполи, Квича Кварацхелија е на првото место по бројот на успешни дриблинзи оваа сезона во Лигата на шампионите, пренесува прес-службата на турнирот.

Грузиецот има 46 успешни дриблинзи. Второто место му припадна на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, кој ги помина своите противници со дриблинг 44 пати. Првата тројка ја комплетира португалскиот напаѓач на Милан, Рафаел Леао со 36 дриблинзи.

Порталот Трансфермаркт на 22 декември го смести Кварацхелија на четвртото место на листата на најскапи играчи во Серија А, проценувајќи го на 80 милиони евра.

Кварацхелија во досегашниот дел од сезонава во Лигата на шампионите настапи на шест натпревари и беше творец на една асистенција



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.