Ова видео дава најдобар приказ на тоа во какви услови се игра првенството на Косово.

На натпреварот одигран во Вучитрн со гостинската екипа на Малишева видовме дивјаштвото на навивачите и веење на знамињата на УЧК.

Хаосот настана при резултат 3:0 на крајот од натпреварот, кога судијата досуди пенал за домаќинот, а тој требаше да биде реализиран на голот зад гостинските навивачи. Гостите од Ораховац  се налутија иако одлуката е донесена по ВАР технологијата.

Дадоа се од себе за да им дозволат на домашните играчи да изведат пенал. Успеаја да стигнат до мрежата на голот и да ја скинат!

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.