Младиот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал се надева дека еден ден ќе стане клупска легенда. Талентот има само 16 години, но само оваа сезона веќе учествуваше на 40 натпревари за тимот.
Претседателот на клубот Жоан Лапорта неодамна одби понуда од 200 милиони евра за играчот и Барса многу смета на талентираниот играч да го води тимот до успех.
-Многу сум среќен што мојата работа и мојата игра се препознаваат, но фокусиран сум на следниот натпревар. Што да им кажам на навивачите кои се загрижени за мојата иднина во клубот? Не грижете се, јас сепак имам уште две години од мојот актуелен договор. Дали сакам да го поминам целиот мој живот во Барса како Чави, Иниеста, Пујол или Меси? Секако. Се надевам дека ќе станам легенда на Барселона, изјави Јамал за „Мундо Депортиво“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.