Синиша Михајловиќ и неговата здравствена состојба повторно се во фокусот на спортската јавнмост во Италија, но и во Србија.

Легендата на српскиот и италијанскиот фудбал веќе три години се бори со леукемијата. Иако по успешната трансплантација на коскена срж, Михајловиќ го продолжи животот како ништо да не се случило, пред неколку месеци злобната болест повторно почна да се покажува.

Синиша Михајловиќ е стабилен. Вестите што се појавуваат се лажни. Вистина е дека во последните неколку часа неговата состојба се влошила. Тој е опкружен со семејството кое му дава поддршка во овој момент“, објави новинарот Иларио ди Џова.

Засега никој од семејството на Миха не се огласи околу вестите за влоѓувањето на здравствената состојба на Михајловиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.