Досегашниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Ентони Еланга, потпиша петгодишен договор со премиерлигашот Нотингем Форест.
Како што објави Би-Би-Си, вредноста на трансферот изнесува 15 милиони фунти.
Еланга кариерата ја почна во клубот од „Олд Трафорд“ за кој дебитираше во сениорскиот тим во 2021 година, а за Јунајтед одигра 55 натпревари и постигна четири голови.
Еланга имаше договор со Јунајтед до лето 2026 година.
Ова е голем чекор за мене и навистина ми е мило што ќе играм пред навивачите на Форест на „Сити Граунд“, изјави 21-годишниот шведски фудбалер.
Еланга е прво засилување во редовите на Нотингем Форест во летниот преоден рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.