Интер Мајами ноќеска загуби од Атланта јунајтед во натпреварот од регуларниот дел од МЛС-сезоната со 1:3. Средбата се одржа на стадионот Чејс во Форт Лодердејл.

Грузискиот напаѓач на гостите Саба Лобжаниџе го отвори резултатот на крајот од првото полувреме. По паузата 29-годишниот Грузиец го зголеми водството на гостинскиот тим. По три минути Лионел Меси го намали резултатот. Во 73. минута гостите со голот на Џамал ​​Тиаре ја потврдија победата.

Ова е прв пораз за Интер Мајами во актуелната сезона во МЛС кога Меси беше на теренот.

Со 34 бодови Интер Мајами води во поредокот на Источната конференција. Атланта е на 12. место со 16 бодови



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.