Римски Лацио го избра 45-годишниот хрватски стратег Иван Тудор нив тренер, јавија попладнево италијанските медиуми.

Според истите извори, доаѓањето на Тудор во Рим било договорено на состанок во четвртокот вечер во присуство на претседателот на Лацио, Клаудио Лотито.

Тудор во Лацио треба да го замени Маурицио Сари, кому римскиот клуб му врачи отказ поради слаби резултати.

Медиумите тврдат дека Тудор ќе потпише договор на 18 месеци.

Тудор најголем дел од својата кариера како фудбалер ја мина во Јувентус, а како тренер досега ги предводеше Удинезе, Верона, ПАОК, Хајдук, Карабукспор, Галатасарај и Марсеј.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.