Хрватските навивачи во голем број пристигнаа во Ротердам, каде што хрватската фудбалска репрезентација ќе го игра полуфиналниот натпревар од Лигата на Нации. Противник на „коцкестите“ ќе биде домашната селекција – Холандија, која е организатор на завршниот турнир од ова натпреварување.

Од рано утрината, Хрватите масовно излегоа по улиците на хомандското пристаниште, ги запоседнаа локалните плоштади, кафулиња и ресторани и со песна најавија дека Хрватска, иако како гостинска селекција, ќе има огромна поддршка на трибините на стадионот на Феенорд „Де Кујп“.

Победникот од дуелот меѓу Хрватска и Холандија, во финалето в недела, ќе игра против подобриот од дуелот Шпанија-Италија, што се игра утре.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.