Германскиот фудбалски стручњак, Ханс Дитер Флик може да ја предводи Барселона, пренесува Мундо Депортиво.
Според шпанскиот медиум, 59-годишниот Германец одбил да го води Челзи за да работи во каталонскиот клуб. Флик разговарал со спортскиот директор на Барселона, Деко и состанокот поминал добро.
Сегашниот тренер на Барселона, Чави најави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти функцијата.
Последната работа на Флик беше во репрезентацијата на Германија, која ја напушти во 2023 година. Пред тоа беше тренер на Баерн со кој двапати ја освои шампионската титула на Германија и ја освои Лигата на шампионите (сезона 2019/20
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.