Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд одговори на прашањето против која екипа едвај чека да игра.

Дваесет и едногодишниот Норвежанец, најмногу сака да учествува на натпреварот со Манчестер јунајтед.

-Не ми се допаѓа да го соопштам ова, но одговорот е Манчестер јунајтед, беше цитиран Халанд за време на неговото претставување пред навивачите на „граѓаните“ од „Јунајтед зона“.

Халанд се пресели во Манчестер сити од Борусија Дортмунд на 1 јули 2022 година. Неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2027 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.