Пеп Гвардиола смета дека во некои аспекти Ерлинг Халанд е рамен со Лионел Меси.

 

– Никој не може да се споредува со Меси, а таквите споредби нема да му помогнат на Ерлинг, но во однос на головите и менталитетот, да. Меси е таков секоја сезона веќе 10 или 15 години, но во однос на постигнатите голови Халанд е на исто ниво. Постигнува голови на речиси секој натпревар. Има шанси да постигне еден или два гола на секој натпревар. Но, Меси е најкомплетниот играч по визија, дриблинг, вештини за додавање, морал и многу други сложени работи. Се надевам дека Ерлинг ќе биде таков во иднина. Ќе биде одлично и за него и за нас, изјави Гвардиола.

 

Манчестер сити вечер од 21 часот се среќава со Вест Хем. Со победа „Граѓаните“ ќе се вратат на првото место на табелата во Премиер лигата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.