Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола ја коментираше борбата за титулата во Премиер лигата со Ливерпул.

– Можете да изгубите бодови против Кристал Палас, тоа се случува. Луѓето мислат дека Манчестер сити треба да биде 10 бода пред Ливерпул. Не го разбирам ова. Тешко е. Важно е како реагиравме на натпреварот против Палас и како реагираме на натпреварот против Саутемптон, изјави Гвардиола.

Сити е на врвот на табелата во Премиер лигата со 70 бодови, а Ливерпул е втор со 69 бодови.

Денеска, 20 март, „граѓаните“ ќе играат со Саутемптон во четвртфиналето од ФА Купот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.