Во дербито на Втората лига Запад, Охрид Лихнидос вторпат загуби од Воска Спорт, клубот во сопственопст на Нефи Уасеини, и тоа вторпат со пенал во завршницата. Во првиот меч пенал за Воска имаше во 95. минута, додека сега најстрога казна за Охрид имаше во 87. минута, по што вистинска бура се крена во македонската фудбалска јавност.
За судиската помош што ја доби Воска спорт реагираше директниот ривал Вардар, неговите навивачи, ама реагираат и охриѓани, кои зимава добија ново раководство предводено ов поранешниот репрезентативен голман Данчо Целески. Охридскиот клуб се бори да опстане во Втората лига, поради што реагираат на катастрофалното судење.
Охриѓани и Целески порачуваат дека во фудбалот нема место за криминалци, а реагираат дека нивниот голман Дамјан Серафимов по мечот бил физички нападнат од тројца луѓе на градскиот ривал Воска Спорт – директорот, претседателот и голмнаот на овој клуб.
Реакцијата на Целески ја пренесуваме во целост.
Со големо разочарување може да констатираме дека квалитетно судење во Македонија не постои. Специфично нема професионално судење кога се игра против екипата на Воска Спорт. Доколку играме десет натпревари со вакво судење нема да победиме на ниту еден натпревар.
Последните два натпревари во кои судеа прволигашки судии кои досудија непостоечки ситуации што влиаеја на конечниот резултат, ни е одземена можноста за играње на фудбал и спортско радување. Имено, со нашата работа успеавме да создадеме фудбалска величенствена атмосфера!
На последните натпревари против екипите на Вардар, Велешта, Воска има огромен број на публика од 2.000 до 5.000 гледачи. Поради неспортски однос од тие што ја делат правдата публиката си оди разочарана после натпреварот.
Денес многу беа значајни коментарите во публиката: „Да си одиме дома бидејќи судијата ќе досуди пенал во 100-тата минута“. Исто така во првото полувреме не ни беше досуден пенал каде што имаше играње со рака. Се беше пресликано како во претходниот натпревар со Воска.
По завршувањето на натпреварот во подтрибинскот простор физички беше нападнат нашиот голман Дамјан Серафимов од страна на директорот, претседателот и голманот на Воска Спорт. За овој случај е доставен дополнителен записник до ФФМ.
Доколку ГФК Охрид Лихнидос е приморан да настапува во криминалната лига, луѓето кој што го водат клубот поранешни репрезентативци докажани спортисти, нема да го дозволат тоа. Фудбалот е место за спортисти, а не за криминалци.
ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС
„Секогаш кога сум играл фудбал сум сакал да се натпреварувам, сум примал голови, победувал, губел.
Секоја победа или пораз е небитен во конечниот збир, меѓутоа многу боли кога ќе изгубите на фудбалски криминален начин , како во последните два натпревари со Воска спорт“ – се вели во рекцијата на Целески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.