Навивачите на Челзи имаа сериозна пресметка со француската полиција, пред, за време и по натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите со Лил , кој заврши со триумф на гостите од Англија со 2:1.

Навивачите на Челзи немаа проблем да дојдат во Франција. Огромен број симпатизери на клубот од Лондон пред почетокот на натпреварот почнаа да го скандираат името на Роман Абрамович по улиците на Лил, што го привлече вниманието на локалната полиција. Се заврши со брутална полициска интервенција и тепачка.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.