Попладнево на терените на ФФМ, генерацијата предводена од Марко Арсовски успеа да ја помине и последната пречка и да се пласира на завршниот турнир, соопштија од ФК Кул од Кисела Вода.

Нашата екипа во 1/2 беше подобра од Форца, дури после подобро изведување на ударите од белата точка, откако натпреварот во регуларниот дел заврши со нерешен резултат 1:1. Ние први го отворивме резултатот преку Филип Дукоски, додека до крајот на првиот дел, противникот израмни на 1:1, резултат кој беше актуелен на полувреме.

Гледавме голема борба на теренот, како да се играше финале, а не елиминациски натпревар. Влогот беше секако голем, па двете екипи беа претпазливи во обидите. Во второто полувреме немаше промена на резултатот, па се пристапи на изведување на пенали, во кои ние подобро се снајдовме.

Сигурни реализатори кај нас беа Матеј Ивановски, Јован Гиевски, Игор Трпковски, Меланија Грозданова и Кирил Стојановски, за конечни 5:4 на пенали !

На овој начин генерацијата 2009 ќе игра на завршниот турнир и ќе има можност да се бори за еден од медалите. Честитки до целата екипа и нивниот тренер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.