Во квалификациски натпревар за Европското првенство 2023, македонската фудбалска репрезентација до 21 година, вечерва загуби од соодветната селекција на Фарски Острови со 1:0.
Клучниот момент на натпреварот одигран на Арена „Тодор Проески“ во Скопје се случи во 52. минута кога Стефан Радосављевиќ реализира пенал за гостите.
Избраниците на селектор Драган Канатларовски одиграа слаб натпревар без ниту една сериозна шанса за гол.
„Црвено-жолтите“ го запишаа четвртиот пораз во Х-групата и останаа на шест бодови за во моментов претпоследно. 5. место.
Фарски Острови со девет бодови се на 4. позиција.
Следниот дуел македонските фудбалери треба да го имаат на 2 јуни против Украина на гостински терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.