Македонската фудбалска репрезентација се враќа со бод од Разград. Иако нашиот тим беше подобар тоа не беше доволно за победа. Причина за тоа се неколкуте отсуства, пред се на Адеми и Ристовски.

Македонија напаѓаше целиот меч но без завршница. Напачите се разиграа во вториот дел со влегувањето на Миовски и браќата Бабунски.

Во финишот можеше да загубиме но францускиот судија ја преиначи одлуката откако претходно покажа пенал по играњето со рака на Муслију.

Нашиот тим имаше поддршка од стотина навивачи кои со сите сили ги бодреа „рисовите“.

Овој меч покажа дека Македонија е подобра од Бугарија и дека во Скопје можеме и мораме да победиме.

Македонија во група со Бугарија, Грузија и Гибралтар може да биде до прво место и ново Европско првенство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.