Фудбалската експедиција на Македонија попладнево летна за Португалија каде што во вторник  (20,45 часот) ќе се бори за историски пласман на Светско првенство во Катар, против Португалија.

Пред македонската репрезентација да замине во Порто, премиерот Димитар Ковачевски се појави во авионот за да им посака среќа на фудбалските херои.

Тој исто така им даде мотив плус за успех, и вети премија од половина милион евра за победа над Португалија и обезбедување билет за мундијалот во Катар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.