Во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во Нион попладнево со ждрепка беа одредени двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со Наполи за противник го добија Ајнтрахт Франкфурт.
Во оваа фаза ќе се сретнат и ланските финалисти Реал и Ливерпул.
Двојки за осминафиналето во ЛШ:
Милан – Тотенхем
Борусија Дортмунд – Челзи
Клуб Бриж – Бенфика
Ајнтрахт Франкфурт – Наполи
Интер – Порто
Ливерпул – Реал Мадрид
ПСЖ – Баерн Минхен
Лајпциг – Манчестер сити
Првите осминафинални дуели се закажани за 14/15/21/22 февруари, реваншите ќе се играат на 7/8/14/15 март следната година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.