Жозе Мурињо добива екстра засилување, Филип Костиќ. Фенербахче и Јувентус успеале да се договорат за позајмица на српскиот фудбалер па така Мурињо ќе добие уште едно големо засилување во својот состав, се со цел да се нападне титулата во Суперлигата во Турција, и тоа во конкуренција на Галатасарај и Бешикташ.

Инаку Костиќ во прво време се најавуваше дека ќе се пресели во Галатасарај, сепак во таа битка за него се чини дека Фенер беше побрз и поактивен.

Оваа вест денеска ја потврди и фамозниот Фабрицио Романо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.