Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја прошири истрагата за наводна сексуална злоупотреба на малолетни фудбалери во Габон, суспендирајќи четири фудбалски функционери на оваа африканска држава.
ФИФА соопшти денеска дека нејзиниот Етички комитет отворил формална постапка против Патрик Асумуа Еија, поранешниот габонски селектор на репрезентацијата до 17 години, двајца други тренери и претставник на националната фудбалска лига.
Истрагата е отворена откако британскиот весник „Гардијан“ во декември лани објави изјави од наводните жртви на сексуално насилство. Тие во изјавите наведоа дека биле намамени од страна на Еија во неговиот дом, кој тој го нарекол „Еденска градина“.
Фудбалската федерација на Габон во декември го суспендираше Еија, а ФИФА ја прошири забраната на уште тројца функционери.
– Овие санкции се воведени во врска со кривичните истраги кои се во тек, објави ФИФА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.