Славниот камерунски фудбалер Самуел Ето најави дека на 23 мај ќе организира хуманитарен натпревар на стадионот „Сан Сиро“ во Милано, на кој ќе учествуваат многубројни сегашни и поранешни фудбалери од светскиот фудбал.

Целта на мечот ќе бидат да се соберат финансиски средства кои ќе бидат наменети за неговата организација која се бори против расизмот. Дел од средствата ќе бидат наменети и за италијанската хуманитарна организација „Slums Dunk“, која преку кошарката настојува да помогне на сиромашните млади луѓе од Кенија преку Замбија, па се до Аргентина.

Мечот кој го организира Ето треба да биде спектакуларен, затоа што покани се упатени до Лионел Меси, Франческо Тоти, Весли Снајдер, Андреа Пирло, Кларенс Сидорф, Пауло Дибала, Пипо Инѕаги и многу други.

„Спортот може да направи многу работи кога се работи за човечка интеграција. Спортот е важен за секоја личност, а јас во текот на кариерата имам доживеано многу расистички напади и против тоа мора да се бориме. Верувам во мултикултуралност“, рече Ето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.