– Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, ќе остане и следната сезона на клупата и покрај најнискиот пласман на тимот во историјата на Премиер лигата, објавија британските медиуми.

Одлуката доаѓа по прегледот на крајот на сезоната на минатата кампања, која заврши со победа од 2-1 во финалето на ФА Купот над градскиот ривал Манчестер Сити. Уште повеќе, клубот е во преговори со Тен Хаг за нов договор бидејќи неговиот договор влегува во последната сезона по две години на „Олд Трафорд“.

Поранешниот тренер на Ајакс се најде на удар на критиките откако 20-кратниот шампион на Англија го доживеа најлошиот старт на сезоната од 1962/63 година со осум порази во првите 15 натпревари во сите натпреварувања. „Црвените ѓаволи“ завршија на осмото место во првата лига на Англија по 14 порази во 38 натпревари и испаднаа од Лигата на шампионите во групната фаза



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.