И покрај онаа специфична грешка на дуелот со Италија во Палермо, Столе Димитриевски се издвои како еден од најдобрите поединци во националниот тим во историската победа над актуелниот европски шампион.
Голманот на Рајо Ваљекано потоа беше и тоа како сигурен на голот на националниот тим издвојувајќи се и во најдобриот тим на полуфиналните бараж пресметки за СП 2022. Сето тоа носи дополнителен мотив кај Димитриевски за финалната пресметка со Португалија…
„Запишавме уште еден неверојатен натпревар за историјата на македонскиот фудбал. По оној триумф над Германија во квалификациите, сега е победен и европскиот шампион Италија. Па, ако ја победиме и Португалија нека дојде потоа само уште Бразил и нека ни ја дадат светската шампионска титула“ – вели низ шега и Димитриевски, дополнувајќи дека еуфоријата после Палермо е завршена и сега мора максимално концентрирано кон дуелот во Порто.
„Нарадот нека се радува, но ние мора да продолжиме со максималната подготовка. Знаеме дека Португалија е голем фаворит, но знам дека повторно ќе бидеме подготвени и ќе го дадеме и последниот атом од силата да дојдеме до уште еден успех“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.