Македонија, по нерешениот резултат со Италија (1:1), утре ќе одигра уште еден натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство. Во Ла Валета, во Ц-групата, Македонија и гостува на Малта.

Столе Димитриевски поради болка во грбот (повреда здобиена на мечот со Италија) нема да биде во комбинација за настап против Малта на утрешниот натпревар.

Селекторот Благоја Милевски дополнителни го повика Давор Талевски во А селекцијата.

Голманот на Шкендија веќе пристигна во Малта и ќе биде на официјалниот тренинг (19:00 часот) заедно со тимот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.