По победата врз Гибралтар со 5:1 во Лигата на нациите Бугарија охрабрена и мотивирана го чека мечот со Македонија.
Капитенот Кирил Десподов смета дека во Скопје доаѓаат на политичка пресметка, а не на фудбалски меч, бидејќи таква била атмосферата тука.
Во Македонија го сметаат натпреварот како политички дуел, а не како фудбалски натпревар. Мора да се концентрираме и да постигнеме добар резултат. Ова ќе помогне во самодовербата на тимот. Мислам дека самодовербата е прилично здробена, можеби и со право. Секогаш излегуваме да победиме. Тие ќе имаат предност да играат пред домашната публика, но мислам дека ќе се снајдеме добро и ќе ги победиме, рече Десподов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.