Фудбалерот на Реал и поранешен германски репрезентативец Тони Крос изјави дека сè уште не одлучил дали и следната сезона ќе го носи дресот на клубот од Мадрид.

„Размислувам што да правам следната сезона. Разговарам со клубот. Има многу фактори, а во моментов одлука нема“, изјави денеска Крос за шпанските медиуми.

„Во секој случај многу сум мирен. Знам дека можам уште многу да ѝ помогнам на оваа екипа“, додаде германскиот фудбалер, кој има договор со Реал до 30 јуни оваа година.

Крос (33) дојде во Реал во 2014 година од минхенски Баерн и досега за мадридскиот клуб одигра 395 натпревари на кои постигна 27 голови.

Со Реал освои 18 трофеи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.