Тренерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола, ќе размисли за својата иднина во англискиот клуб за време на паузата од Светското првенство во 2022 година, објави „Дејли мејл“.
Според британскиот весник, Шпанецот ќе се сретне со раководството на Сити за да разговара за идните планови и неговиот договор со клубот.
Актуелниот договор на Гвардиола со „граѓаните“ истекнува на крајот од оваа сезона.
Педесет и едногодишниот тренер е на чело на Манчестер сити од 2016 година. Под негово водство, тимот стана шампион на Премиер лигата четири пати
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.