Откако првиот човек на бугарската фондација „Виктор Стојанов“ се пофали дека презеле клуб од Третата лига исток веќе има конкретен резултат.

Клубот што стана бугарски ќе се вика „Јунак“ и станува збор за преземеање на веќе постоечки клуб од Истокот.

Стојанов објави дека станува збор за клуб од Третата лига исток.

Намерно нема да го кажам името на тимот, но е од третата лига исток, а седиштето на тимот е блиску до бугарската граница.

Кога ќе се погледне табелата на Третата фудбалска лига-исток има неколку тимови кои се во близина на границата со Бугарија.

Тука е Брегалница од Делчево, иако за волја на вистината овој клуб се изјасни дека не е на продажба, потоа Малеш од Берово кој исто е во близина на границата со Бугарија,Спартмани од струмичко Балдовци,  и Тиверија од Струмица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.