Жителите на Обреновац велат дека убиениот навивач Бранислав Пенчиќ (41) дошол со сопругата да ги посети родителите кои живеат во една од зградите во центарот на градот.
Пенчиќ бил застрелан од снајпер со придушувач на оддалеченост од 30 метри во двор опкружен со комплекс згради, а во близина има и детско игралиште. Наводно бил застрелан веднаш штом излегол од автомобилот.
Мислевме дека човекот имал срцев удар. Брзата помош пристигнала брзо и го пренела ранетиот Пенчиќ во болница, а по него и сопругата. Таа се вратила кога пристигнала полицијата, а во еден момент се јавила на телефон и плачејќи паднала на колена-раскажуваат очевидци.
Бране бил предводник на фановите на групата „Хентерс“, која важи за сериозна група во навивачкиот свет.
Во период од седум години против него се поднесени над 12 кривични пријави за кривични дела насилничко однесување, киднапирање, неовластено држење и пуштање во промет на наркотици, напад на службено лице, кражба
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.